На 15-ти декември во просториите на Македонската академија на науките и уметностите беше презентирано основањето на Платформа за еколошка правда, како дел од проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“. Настанот го отвори академик д-р Владо Камбовски кој преку филозофијата на екоцентризмот ја претстави универзалната вредност и значење на екологијата, чувањето и унапредувањето на животната...