Области

Почетна » Области

Области за кои се залагаме

Платформа за еколошка правда

Животна средина

Законот за животната средина претставува рамковен закон што ги предвидува правните основи за заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на животната средина, а кои понатаму се разработени во посебни закони и бројни подзаконски акти.

Заштита на природата

Основниот закон кој ја регулира заштитата на природата преку зачувување на биолошката и пределската разновидност и заштитата на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштитата на природните реткости е Законот за заштита на природата

Води

Со Законот за води се регулира управувањето со водите како дејност од јавен интерес пред сè водите за пиење и за производство на храна, но и за потребите на земјоделството, индустријата, хидроенергетските потреби, за потребите на парковите и други јавни површини, туризмот, пловидбата и друго.

Управување со отпад

Со Законот за управување со отпадот се пристапи кон општ пристап односно областа за управување со отпадот да биде регулирана со еден општ закон.

Амбиентен воздух

Законот за квалитет на амбиентен воздух има за цел, меѓу другото “избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз човековото здравје и животната средина како целина”

Климатски промени

Климатските промени се глобален проблем предизвикан од промени во временските текови кои бараат сеопфатен пристап кон планирањето и имплементирањето на политиките.