На ден 22.06.2022 со почеток од 10:00 до 12:00 часот во просториите на Македонската академија за науките и уметностите се одржа работна средба на Платформата за еколошка правда. Целта на оваа средба беше разгледување на теми кои се актуелни во моментов, а воедно и избор на нов претседател на Платформата за еколошка правда. За претседател на Платформата едногласно повторно беше избран академикот Владо Камбовски за кој сите од присутните се сложија дека неговото долгогодишно искуство дава исклучителен придонес и е од исклучителна важност земајќи го во предвид неговото искуство како и досегашните завршени активности во заштитата на животната средина. Во...
Амбиентен воздух
Амбиентен воздух
Законот за квалитет на амбиентен воздух има за цел, меѓу другото “избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз човековото здравје и животната средина како целина”.
Новинарска сторија: Инвазијата на Путин, енергетска (не)сигурност и (не)правда, климатска криза и решенија
Инвазијата на Русија врз Украина во последните два месеци обелодени многу од општествените проблеми на Западот. Сведоци сме на раселувањето на милиони, убивањето на илјадници, огромна економска штета, инфлација, очекувана рецесија и расистичко медиумско известување во однос на бегалската криза како резултат на војната. Иако империјалистички војни и окупации се водат на различни страни од светот со децении (Авганистан, Јемен, Палестина…), пустошењето на Украина од страна на Путин е ставено под медиумска лупа. Историските извештаи на Меѓувладиниот панел за климатски промени за состојбата со климата и кон што треба светот да се насочи за да ги спречи најекстремните климатски сценарија потонаа во...
Уставна тужба
Во рамки на Проектот за добро управување со животната средина, финансиски подржан од Британската Амбасада Скопје, Центарот за правни истражувања и анализи изработи информативно видео за тоа што ако се воведе уставна тужба во Република Северна Македонија?