Центарот за правни истражувања и анализи подготви инфографици од Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животната средина. Инфографиците ги покажуваат клучните наоди за достапноста на ресурси, систематизацијата на работни места и делокругот на работа на Државниот инспекторат за животна средина во однос на инспекцискиот надзор во секторот животна среднина. Инфографиците се подготвени во рамки на проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.
Амбиентен воздух
Амбиентен воздух
Законот за квалитет на амбиентен воздух има за цел, меѓу другото “избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз човековото здравје и животната средина како целина”.