Секој гласен, непријатен и неочекуван звук кој во организмот создава штетни ефекти е бучава. Според негативното влијание врз животната средина, таа се наоѓа во самиот врв, заедно со загадувањето на воздухот и водата и е проблем кој е распространет во целиот свет. Загадувањето од бучавата главно се должи на сообраќајот, градежните активности, индустриско – производните активности, како и активности од јавниот живот кои директно влијаат на здравјето на луѓето и квалитетот на живеењето. Секојдневно се соочуваме со бучава која може да биде постојана, испрекината – кога настанува од еден или повеќе извори со неправилни и ненадејни прекини и почетоци и...
Амбиентен воздух
Амбиентен воздух
Законот за квалитет на амбиентен воздух има за цел, меѓу другото “избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз човековото здравје и животната средина како целина”.
Тркалезна маса – заштита од бучава во животната средина
Центарот за правни истражувања и анализи на ден 17.05.2023 година во рамки на проектот ,,Унапредување на квалитетот и одговорноста во македонскиот правосуден сектор” организира тркалезна маса на тема – Заштита од бучава во животната средина. Проектот е резултат на континуираната финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството на Холандија во Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа претставници од МЖСПП, ДИЖС, МВР, МАНУ, општини и невладини организации кои се засегнати и се занимаваат со оваа проблематика. Никола Јовановски, програмски менаџер на ЦПИА, во своето поздравно обраќање, се заблагодари за големата заинтересираност за присуство на настанот. Напомена дека идејата за тркалезната маса...
Анализа на пресудата Олуиќ против Хрватска (Бучавата како основ за повреда на членот 8 од ЕКЧП)
1. Основни информации и околности на случајот Жалителката со живеалиште во Риека, Р. Хрватска, се жалела на бучава што ја прави бар/кафуле кое било отворено во дел од куќата каде што живеела, а којшто дел бил во сопственост на друго лице. Жалителката се обратила до Санитарната инспекција со известување дека нејзиниот стан бил постојано изложен на прекумерна бучава од барот Ф., кој работел секој ден од 7 часот наутро до полноќ.Во октомври 2001 година, во ноќните часови, мерењето направено од страна на независни експерти повторно покажало дека бучавата од барот Ф. го надминува дозволеното ниво за 1,8 dB до 6,9...