ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА

ОДДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА

На ден 22.06.2022 со почеток од 10:00 до 12:00 часот во просториите на Македонската академија за науките и уметностите се одржа работна средба на Платформата за еколошка правда.

Целта на оваа средба беше разгледување на теми кои се актуелни во моментов, а воедно и избор на нов претседател на Платформата за еколошка правда.

За претседател на Платформата едногласно повторно беше избран академикот Владо Камбовски за кој сите од присутните се сложија дека неговото долгогодишно искуство дава исклучителен придонес и е од исклучителна важност земајќи го во предвид неговото искуство како и досегашните завршени активности во заштитата на животната средина.

Во вториот дел од работниот состанок беа разгледани двете претходно најавени теми односно

  • Расчистување на жешки точки – Лојане, ХИВ Велес, Јегуновце, Топилница Велес, депонија Охрид;
  • Новиот Закон за индустриски емисии.

Во делот за дискусија г-дин Сретен Стојковски, директортот на ДИЖС презентираше за жешките точки кои вкупно во РСМ се идентификувани 16, додавајќи дека според него има и 17та жешка точка, а тоа е Пеленица во која се фрлени околу 8.000 тони отпад се фрлени на таа локација.

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Христина Оџаклиеска ги информираше присутните за новиот Закон за индустриски емисии.Во последните години РСМ има преземено многу чекори до хармонизација на законодавството со законодавството на ЕУ. Во законот за животна средина е спомената контролата на емисии но постојат предизвици во транспонирањето на новите законски решенија кои се подведени под Директивата за индустриски емисии. Поради тоа во рамки на ИПА 2000 проектот за зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за транспозиција на новата директива за индустриски емисии од 2010 подготвен е нов закон за контрола на емисии од индустријата со цел целосно ефикасно и ефективно транспонирање и имплементирање на новите барања. Заменик министерката Оџаклиеска ги инфорираше присутните дека овој закон би требало да стапи на сила до крајот на оваа година.