Амбиентен воздух

Почетна » Области » Амбиентен воздух
Анализа на пресудата Олуиќ против Хрватска (Бучавата како основ за повреда на членот 8 од ЕКЧП)

Анализа на пресудата Олуиќ против Хрватска (Бучавата како основ за повреда на членот 8 од ЕКЧП)

1. Основни информации и околности на случајот Жалителката со живеалиште во Риека, Р. Хрватска, се жалела на бучава што ја прави бар/кафуле кое било отворено во дел од куќата каде што живеела, а којшто дел бил во сопственост на друго лице. Жалителката се  обратила до Санитарната инспекција со известување дека нејзиниот стан бил постојано изложен на прекумерна бучава од барот Ф., кој работел секој ден од 7 часот наутро до полноќ.Во октомври 2001 година, во ноќните часови, мерењето направено од страна на независни експерти повторно покажало дека бучавата од барот Ф. го надминува дозволеното ниво за 1,8 dB до 6,9...

Оддржана работна средна на платформата за еколошка правда

Оддржана работна средна на платформата за еколошка правда

На ден 22.06.2022 со почеток од 10:00 до 12:00 часот во просториите на Македонската академија за науките и уметностите се одржа работна средба на Платформата за еколошка правда. Целта на оваа средба беше разгледување на теми кои се актуелни во моментов, а воедно и избор на нов претседател на Платформата за еколошка правда. За претседател на Платформата едногласно повторно беше избран академикот Владо Камбовски за кој сите од присутните се сложија дека неговото долгогодишно искуство дава исклучителен придонес и е од исклучителна важност земајќи го во предвид неговото искуство како и досегашните завршени активности во заштитата на животната средина. Во...

Новинарска сторија: Инвазијата на Путин, енергетска (не)сигурност и (не)правда, климатска криза и решенија

Новинарска сторија: Инвазијата на Путин, енергетска (не)сигурност и (не)правда, климатска криза и решенија

Инвазијата на Русија врз Украина во последните два месеци обелодени многу од општествените проблеми на Западот. Сведоци сме на раселувањето на милиони, убивањето на илјадници, огромна економска штета, инфлација, очекувана рецесија и расистичко медиумско известување во однос на бегалската криза како резултат на војната. Иако империјалистички војни и окупации се водат на различни страни од светот со децении (Авганистан, Јемен, Палестина…), пустошењето на Украина од страна на Путин е ставено под медиумска лупа. Историските извештаи на Меѓувладиниот панел за климатски промени за состојбата со климата и кон што треба светот да се насочи за да ги спречи најекстремните климатски сценарија потонаа во...