За нас

Платформа за еколошка правда

Работата на Платформата се заснова на принципите на стручност, инклузивност и одговорност и е прва од ваков тип во нашата држава која ќе направи спој на капацитетите на сите надлежни институции, МАНУ, здруженијата на граѓани и стручни лица кои се вклучени во заштитата и унапредувањето на животната средина.

Главни цели и заложби

Платформата е средина која ќе креира политики, законски формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети, притоа препознавајќи го овој проблем не само на централно туку и на локално ниво.

Мисија

Платформата е средина која ќе креира политики, законски формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети, притоа препознавајќи го овој проблем не само на централно туку и на локално ниво.

Визија

Во рамките на платформата членовите на истата заедно со домашни и странски стручни лица ќе работат на идентификување на модел за ефикасен надзор над спроведувањето на еколошките политики и регулативи, зајакнувајќи ја притоа имплементацијата на меѓународните еколошки стандарди и пракса.

Главни Цели

Претставниците на државните институции, МАНУ, стручните лица и граѓански организации ќе развијат заеднички пристап кој ќе се заснова на идентификувани цели и приоритети во заштитата на животната средина и поддршка на политиките, законските формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети.

Законот за животната средина претставува рамковен закон што ги предвидува правните основи за заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на животната средина, а кои понатаму се разработени во посебни закони и бројни подзаконски акти.

Основниот закон кој ја регулира заштитата на природата преку зачувување на биолошката и пределската разновидност и заштитата на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштитата на природните реткости е Законот за заштита на природата

Со Законот за води се регулира управувањето со водите како дејност од јавен интерес пред сè водите за пиење и за производство на храна, но и за потребите на земјоделството, индустријата, хидроенергетските потреби, за потребите на парковите и други јавни површини, туризмот, пловидбата и друго.

Со Законот за управување со отпадот се пристапи кон општ пристап односно областа за управување со отпадот да биде регулирана со еден општ закон.

Законот за квалитет на амбиентен воздух има за цел, меѓу другото “избегнување, спречување и намалување на штетните ефекти врз човековото здравје и животната средина како целина”

Климатските промени се глобален проблем предизвикан од промени во временските текови кои бараат сеопфатен пристап кон планирањето и имплементирањето на политиките.

Членови на платформата

Платформа за еколошка правда

Платформата е средина која ќе креира политики, законски формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети, притоа препознавајќи го овој проблем не само на централно туку и на локално ниво.

Последни новости:

Правната рамка од која произлегуваат приоритетите во областа на заштита на животната средина и одржливото користење на природните ресурси произлегува од Уставот на Република Северна Македонија од 1991 година

0 година
е донесен Законот за животната средина
0 година
е донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата
0 година
е донесен Законот за води
0 година
е донесен Законот за управување со отпад
0 година
е донесен Законот за квалитет на амбиентен воздух
0 година
е донесен Законот за климатски промени