За Нас

Почетна » За Нас

Што претставува Платформата за еколошка правда?

Video
Работата на Платформата се заснова на принципите на стручност, инклузивност и одговорност и е прва од ваков тип во нашата држава која ќе направи спој на капацитетите на сите надлежни институции, МАНУ, здруженијата на граѓани и стручни лица кои се вклучени во заштитата и унапредувањето на животната средина.

За нас

Платформа за еколошка правда
Платформата за еколошка правда ја сочинуваат вкупно 15 членови, односно назначените претставници од Центар за правни истражувања и анализи, Македонска академија на науките и уметностите, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за животна средина, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Академија за судии и јавни обвинители, Македонско здружение на млади правници, Еко свест, Фронт 21/42, Град Скопје, Здружение на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, Милеуконтакт Македонија.

Главни цели и заложби

Платформата е средина која ќе креира политики, законски формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети, притоа препознавајќи го овој проблем не само на централно туку и на локално ниво.

За што се залагаме

Платформа за еколошка правда
Во рамките на платформата членовите на истата заедно со домашни и странски стручни лица ќе работат на идентификување на модел за ефикасен надзор над спроведувањето на еколошките политики и регулативи, зајакнувајќи ја притоа имплементацијата на меѓународните еколошки стандарди и пракса.
Претставниците на државните институции, МАНУ, стручните лица и граѓански организации ќе предложат и развијат заеднички и одржлив пристап кој ќе се заснова на идентификувани цели и приоритети во заштитата и унапредувањето на животната средина и поддршка на политиките, законските формулации и решенија од областа на животната средина за справување со еколошките штети.

Членови на платформата

КАКО ДО НАС

Стапете во контакт