Правото на живот е применливо исклучиво во два вида ситуации: опасни активности направени од човек и природни катастрофи надвор од човечка контрола. Стандардите и во двата типа на случаи се исти, со таа разлика што во случај на елементарни непогоди има специфичности во однос на обврската за воспоставување систем за рано предупредување и поширока маргина на проценка.
1. Основни информации и околности на случајот
Тирнауз е град со популација од 25.000 жители и се наоѓа во округ на планината Елбрус. Документирани докази кои датираат од 1937 година укажуваат на тоа дека регионот е подложен на одрони од кал. Бидејќи овие свлечишта повремено го погодувале градот, властите изградиле колектор за задржување во 1965 година и брана за задржување во 1999 година за да ги заштитат граѓаните на градот.
На 20 август 1999 година, кал и отпад ја погодиле браната и ја имаат сериозно оштетено. На 17 јануари 2000 година, премиерот бил предупреден за зголемен ризик од лизгање на кал во наредната сезона. Реконструкцијата на браната се чинела неизводлива во таа фаза. Следствено, единствениот начин да се избегнат жртви било да се воспостават набљудувачки пунктови за да се предупредат цивилите за заканата од претстојниот одрон од кал. Оваа мерка никогаш не била спроведена.
На 18 јули 2000 година, проток од кал и отпад го погодил градот и поплавил некои од станбените квартови. Тирнауз потоа бил погоден од неколку последователни одрони од кал до 25 јули 2000 година.
Шесте апликанти живееле во Тирнауз. По свлечиштето на 18 јули 2000 година, властите најавиле итна евакуација на жителите, но не било дадено претходно предупредување. Кога жителите се вратиле дома следниот ден, вториот и посилен одрон од кал ја уништил браната и ги оштетил повеќето куќи во градот, при што загинале и биле повредени некои локални жители. Становите на апликантите и целиот нивен имот биле уништени. Сопругот на првата жалителка починал, а нејзиниот најмлад син се здобил со сериозни повреди. Апликантите се жалеле на повреди на чл. 2, 8 и 13 и чл. 1 од Протоколот 1.
2. Апликација до ЕСЧП за наводна повреда на член 2 од Конвенцијата
Апликантите се пожалија дека властите не ги исполниле нивните позитивни обврски за преземање соодветни мерки за ублажување на ризиците по нивните животи од природните опасности. Првиот апликант се пожалил дека домашните власти се одговорни за смртта на нејзиниот сопруг во одронот од кал во јули 2000 година. Таа и другите апликанти се пожалиле и дека домашните власти се одговорни за загрозување на нивните животи, бидејќи не успеале да го исполнат позитивните обврски на државата која била во целост невнимателна во одржувањето на браната, во следењето на опасната област и во обезбедувањето итно предупредување или преземањето други разумни мерки за ублажување на ризикот и ефектите од природната катастрофа. Тие, исто така, се пожалиле дека немале отштета, особено дека не добиле соодветен надомест во однос на нивната материјална и нематеријална штета. Апликантите се имаат повикано на член 2 од Конвенцијата кој, доколку е релевантен, предвидува:
„Сечие право на живот ќе биде заштитено со закон. Никој намерно не може да биде лишен од животот освен при извршување на судска казна по осуда за кривично дело за кое оваа казна е предвидена со закон“.
3. Резиме на пресудата на ЕСЧП
Судот едногласно утврди дека има суштинска повреда на член 2 (право на живот) поради неуспехот на Русија да го заштити животот на жалителите и жителите на Тирнауз од лизгање на земјиштето што го опустоши нивниот град. Властите добиле неколку предупредувања, вклучително и од Планинскиот институт и Окружната управа, кои требало да ги информираат за ризиците и како и биле одговорни да преземат практични мерки за да се осигура безбедноста на населението. Судот оценил дека властите пропуштиле да спроведат политики за планирање и итна помош, изложувајќи ги жителите на „смртен ризик“.
Судот смета дека имало и повреда на процесните права на апликантите според членот 2 поради недостаток на соодветна судска истрага за лизгањето од кал кое што се случило со смртни последици и огромни материјални штети. Домашните судови не ги искористиле целосно своите овластувања и не повикале сведоци или експерти да ги утврдат фактите околу несреќата. Судот притоа оценил дека нема повреда на член 1, Протокол бр.1 или на член 13.
Според член 41 (праведна отштета), Судот досудил нематеријална штета во износ 30.000 евра на Калимат Будајева, 15.000 евра на Фатима Атмурзаева и 10.000 евра на секој од другите жалителите
4. Позитивни обврски кои произлегуваат од од членот 2 од Конвенцијата
Судот одлучил дека државите мора да воспостават законодавни и административни рамки за да се спречи каква било закана за правото на живот. Обемот на оваа обврска зависи од потеклото на заканата и од степенот до кој таа може да се ублажи. Обврската се однесува на непосредни, јасно препознатливи природни опасности. Тоа особено се однесува на повторливи несреќи кои влијаат на посебна област развиена за човечко населување.
Властите добиле неколку предупредувања во 1999 година за зголемениот ризик од лизгање на кал во Тирнауз. Еден конкретно изјавил дека ќе има рекордни жртви доколку се занемарат препорачаните мерки. Немало нејаснотии во обемот или времето на работата потребна за да се спречат таквите загуби. Сепак, и покрај овие јасни предупредувања, не биле преземени чекори за да се спречи штетата на граѓаните на Тирнауз, а не беше наведена ниту причина зошто.
Судот заклучил дека нема оправдување за неуспехот на властите да ги спроведат политиките за планирање на земјиштето и помош за итни случаи во Тирнауз. Дополнително, открил причинско-последична врска помеѓу административните пропусти што го попречиле спроведувањето на политиките за помош и смртта на Владимир Будаев, како и повредите здобиени од другите апликанти. Затоа, властите не успеале да ја исполнат позитивната обврска да воспостават законодавна и административна рамка за да ги одвратат заканите по правото на живот што е основа и суштински аспект на членот 2 од Конвенцијата.
5. Процедурални обврски кои произлегуваат од членот 2 од Конвенцијата
Судот одлучи дека законодавните и административните рамки мора да бидат соодветно имплементирани. Властите кои ги администрираат овие рамки мора:
да ги утврдат околностите под кои се случил инцидентот и какви било недостатоци во работењето на регулаторниот систем; и
да идентификува државни службеници или органи вклучени во синџирот на настани.
Онаму каде што се изгубени животи, судскиот систем морал да спроведе независна, непристрасна истрага која обезбедува соодветни казни за оние кои се одговорни за неуспехот на овие законодавни и административни рамки.
Во рок од една недела од инцидентот, обвинителството започнало кривична истрага за околностите на смртта на Владимир Будаев. Сепак, истрагата ја ограничил на утврдување на непосредната причина за смртта, за која било утврдено дека е уривање на зградата. Не ја разгледал безбедносната усогласеност и одговорноста на властите. Важно е дека тие прашања не биле предмет на никакво испитување, без разлика дали тоа е кривично, административно или технички. Особено што не било преземено никакво дејство за да се проверат бројните медиумски наводи и жалби на жртвите во врска со несоодветното одржување на инфраструктурата за одбрана од кал или неуспехот на властите да го постават системот за предупредување. Оттука, поради тоа што не ги истражил недостатоците во работењето на регулаторниот систем и не ги идентификувал државните службеници или органи вклучени во синџирот на настани, Судот заклучил дека има повреда на процедуралниот аспект од член 2.
6. Важност и значење на пресудата
ЕСЧП го смета членот 2 како одредница за остварување на туѓите права во Конвенцијата. Меѓутоа, Судот е рестриктивен во разгледувањето на членот 2 за прашања од областа на животната средина. Има само неколку случаи каде што Судот утврдил повреда на член 2 во овој контекст, имено кога апликантите биле изложени на опасни активности или природни катастрофи. Овој случај е еден од нив и ги постави основите за другите што следат.
Судот повторува дека членот 2 не се однесува само на смртните случаи кои произлегуваат од употреба на сила од страна на агентите на државата, туку, исто така, во првата реченица од првиот став, утврдува позитивна обврска на државите да преземат соодветни чекори за да ги заштитат животите на оние кои се во нивна јурисдикција. Оваа позитивна обврска пред сè повлекува примарна должност на државата да воспостави законодавна и административна рамка дизајнирана да обезбеди ефективно одвраќање од закани по правото на живот.
Овој случај е корисна илустрација за обврските до кои секоја држава мора да се придржува за одржување на безбедноста и благосостојбата доколку нејзините граѓани, и доколку таа обврска не успее, мерките што мора да се применат за да се утврди како дошло до неуспех.