Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан

Добро владеење во животната средина за имплементација на Зелена Агенда за Западен Балкан
ЗА ПРОЕКТОТ

Центарот за правни истражувања и анализи заедно со Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42 започна со имплементација на проектот ,, Добро владеење во животна средина за имплементација на Зелена агенда за Западен Балкан” кој е резултат на континуираната поддршка од Европската унија за Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија имплементацијата на законите од областа на животната средина често пати се одвива отежнато (воздух, отпад, вода, природа, индустриско загадување, хемикалии, бучава…) , а особено загрижува спроведувањето и  хармонизација со Директивите за оцена на влијанието врз животната средина и стратегиска оцена на животната средина. Видливо е постепеното зголемување на еколошките престапи, а со тоа и бројот на пријави и пресуди за истите (27 пресуди во 2019 година, 81 во 2020 година и 126 во 2021 година). Сепак, независно од тоа, многу престапи остануваат неказнети или пак глобите со кои се санкционирани се незначителни.  Новиот Кривичен Законик внесе новитети во делот на казни и одговорност за правни лица, со што националното законодавство стана подобро усогласено со директивите на Европската Унија. Сепак, во главните одговорни институции, како судството, јавното обвинителство, Министерството за Внатрешни работи, Државниот Инспекторат за Животна Средина недостасуваат капацитети за спроведување на овие новости, особено во врска со еколошките престапи, методите за утврдување на штетата и утврдување на одговорноста.

Од горе наведените причини општата цел на проектот е да се зајакне владеењето на правото во животната средина, особено во борбата против еколошките злосторства и други сериозни прекршоци преку ефективно административно и кривично спроведување во согласност со стандардите на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

Специфични цели на проектот:

  1. Да се подобри спроведувањето на законодавството за животна средина преку редовни проценки на влијанието на законодавството.
  2. Да се подобрат капацитетите за спроведување на законот за животна средина на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, судството и Државниот инспекторат за животна средина.
  3. Да се зајакне соработката меѓу граѓанските организации, академијата, медиумите, државните институции и приватниот сектор за да се влијае врз јавните политики и донесувањето одлуки за животната средина.
  4. Да се зајакнат капацитетите на локалните и основните граѓански организации со цел следење на заштитата на животната средина и реагирање до надлежните институции.

Крајни корисници:

Граѓаните, Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Државен инспекторат за животна средина (инспектори), Академија за судии и јавни обвинители АСЈО), Здружение на судии, Здружение на јавни обвинители, Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), обвинители, судии и вработени во МВР, пратеници во Собранието, општини на заштитени подрачја (Охрид, Струга, Маврово, Тетово), граѓански организации од областа на  животната средина  и медиуми (новинари).