Во просториите на МАНУ се одржа редовна средба на Платформата за еколошка правда, која ја отвори претседателот на Платформата, Никола Јовановски од ЦПИА. На отворањето кратки обраќања имаа и претставници од Expertise France, организација која имплементира проект во областа на животната средина во РСМ, при што беа споделени искуства и разгледани можности за идни соработки....
Author: Ana (Ana )
Реакција на дел од членките на Платформата за еколошка правда по повод серијата пожари и загадувањето во Скопје
Платформата за еколошка правда со длабока загриженост реагира по повод пожарот во кругот на компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, каде што гореле отпадни батерии, акумулатори, литиум-јонски батерии и електронски отпад. Согорувањето на вакви материјали ослободува исклучително токсични материи. Граѓаните беа изложени на загадување и на силен, задушлив мирис, што дополнително ја зголемува загриженоста за долгорочното влијание...
Одржана средба на Платформата за Еколошка правда
На 03.03.2025г. во просториите на Македонската Академија за науките и уметностите, беше одржана средба на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, ЕКО-СВЕСТ, Министерството за внатрешни работи, Милеуконтакт, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, ДИЖС, Министерството за правда, Академијата за судии и јавни обвинители, МЖСПП, Факултет за безбедност...
Факултетот за безбедност стана дел од Платформата за еколошка правда
Денес со гордост објавуваме дека Платформата за еколошка правда се прошири со уште еден член со потпишување на Меморандумот за соработка и пристапување на Факултетот за безбедност. Овој значаен чекор го потврдува заедничкиот ангажман за унапредување на правната заштита на животната средина и зајакнување на еколошката свест во нашата заедница. Со пристапувањето на Факултетот за...
Интервју: Државата може да се тужи за секое загадување, не само за воздухот
За првпат кај нас, највисокиот суд минатата недела усвои начелно правно мислење, со кое ја задолжува државата да обезбеди здрава животна средина. Тоа значи дека врвот на судската власт застана зад правата на граѓаните, да живеат во здрава и чиста животна средина. Со тоа се создаде правен терен, доколку од некое загадување граѓаните трпат штета,...
Начелен став на Врховниот суд на Република Северна Македонија за повреда на уставното право на здрава животна средина
Платформата за еколошка правда го поздравува, за прв пат донесувањето на начелен став за повреда на уставното право на здрава животна средина, иницирано со предлог поднесен од страна на адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски, а во рамките на стратешките определби и дејствувања на Центарот за правни истражувања и анализи. Резиме на начелниот став:
Документ за јавни политики „Унапредување на пристапот до еколошка правда: Усогласување со стандардите на Архуската Конвенција“
Документот за јавни политики може да го преземете на следниот линк:
Документ за јавни политики „Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина“
Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот ,,Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” поддржан од Европската Унија, го промовираше документот за јавни политики на тема „Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина“. Документот се однесува на конкретните мерки и активности кои Министерството за внатрешни работи...
СООПШТЕНИЕ
По поднесената Претставка за неусогласеноста на Прелог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчичко Блато за парк на природата од страна на здружението Фронт 21/42, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање донесе одлука да се повлечат предлог – законите.