Центарот за правни истражувања и анализи во рамки на проектот ,,Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан” поддржан од Европската Унија, го промовираше документот за јавни политики на тема „Учеството и улогата на Министерството за внатрешни работи при заштитата на животната средина“. Документот се однесува на конкретните мерки и активности кои Министерството за внатрешни работи ги презема со цел сузбивање на еколошкиот криминалитет во Република Северна Македонија, како и на можностите за подобрување на организациската поставеност. Во документот се презентирани содржини кои се однесуваат на законската рамка која ја предвидува надлежноста на министерството во рамки на постапување за откривање, докажување...
Животна средина
Животна средина
Законот за животната средина претставува рамковен закон што ги предвидува правните основи за заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на животната средина, а кои понатаму се разработени во посебни закони и бројни подзаконски акти.
СООПШТЕНИЕ
По поднесената Претставка за неусогласеноста на Прелог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчичко Блато за парк на природата од страна на здружението Фронт 21/42, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање донесе одлука да се повлечат предлог – законите.
Средба на Платформата за еколошка правда
Денес, во просториите на Македонската Академија на науките и уметностите беше одржана средба на Платформата за еколошка правда, каде присуствуваа претставници од Центарот за правни истражувања и анализи, ЕКО-СВЕСТ, Министерството за внатрешни работи, Милеуконтакт, Македонското здружение на млади правници, МАНУ, Академијата за судии и јавни обвинители, Државниот инспекторат за животна средина, ЗЕЛС, Македонско еколошко друштво, Фронт 21/42, Факултет за безбедност при УКЛО и Општина Гази Баба. Дополнително, во организација на Државниот инспекторат за животна средина на средбата присуствуваа и гости од Италија – Carabinieri кои се дел од Twinning проектот со Државниот инспекторат за животна средина. Претседателот на Платформата Никола...