Начелен став на Врховниот суд на Република Северна Македонија за повреда на уставното право на здрава животна средина

Начелен став на Врховниот суд на Република Северна Македонија за повреда на уставното право на здрава животна средина

Платформата за еколошка правда го поздравува, за прв пат донесувањето на начелен став за повреда на уставното право на здрава животна средина, иницирано со предлог поднесен од страна на адвокатското друштво Гоџо, Кичеец и Новаковски, а во рамките на стратешките определби и дејствувања на Центарот за правни истражувања и анализи.

Резиме на начелниот став:

  • Врховниот суд следејќи ја праксата на меѓународните судови преку начелниот став јасно укажува дека правото на чист воздух е поединечно право.
  • Врховниот суд укажува дека повредата на правото на здрава животна средина, односно правото на чист воздух може да биде повредено од страна на овластените и службените лица и со непревземање на дејствија кои се дел од надлежноста на истите.
  • Врховниот суд укажува дека правото на здрава животна средина може да биде заштитено согласно Законот за управните спорови.