Во рамки на проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ поддржан од Британската амбасада Скопје, ЦПИА подготви инфографик со препораки за адресирање на проблемите и утврдување на насоки за подобрување на состојбата во животната средина како и инфографик со добри меѓународни искуства и практики од земјите членки на Европската Унија во полето на управување со животната средина.