ВТОРА ФОКУС ГРУПА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

ВТОРА ФОКУС ГРУПА СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК

Центарот за правни истражувања и анализи како дел од проектот „Проект за добро управување со животната средина“ на 19ти ноември 2021 во хотел TCC Grand Plaza ја одржа втората фокус група за подготовка на нов сет на кривични одредби во новиот Кривичен законик во однос на заштитата на животната средина со членовите на работната група за измени на кривичниот законик. Оваа фокус група, следеше по фокус групата со граѓанските организации кои работат во областа на животната средина.

Фокус групата, како и првата, беше конципирана како отворена дискусија на тема: „Нови и изменети кривични одредби во областа на заштитата на животната средина”. Во воведниот дел поздравен говори имаше програмскиот менаџер во ЦПИА, Никола Јовановски. Г-дин Јовановски ги запозна присутните со оваа компонента на проектот и елаборираше дека во соработка со тројца експерти беа изработени предлог измени на веќе постоечките кривични одредби но и предлог нови кривични одредби во областа на животната средина, следејќи ги примерите на околните државни но и државите од ЕУ чиишто законодавства би биле апликативни и во нашата држава.

Во вториот дел, двајцата правни експерти, адвокатот Емил Мифтари и проф. Д-р. Олга Кошевалиска ја презентираат анализата на постојните кривични одредби во однос на ова прашање, нивните недостатоци, предлози за надминување на истите, како и нови предлог кривични одредби. По секоја одредба и предлог за нејзина измена  беше дискутирано со присутните за нивните видувања и предлози. Дополнително на сите присутни им беа поделени работните материјали со цел во рок од седум дена да можат на писмено да ги достават нивните коментари.

Дискусијата наиде на многу позитивни коментари за сработената работа на експертите, но и вроди во плодна дискусија со многу идеи од присутните и сугестии за подобрување на текстот на одредбите.