Денес со гордост објавуваме дека Платформата за еколошка правда се прошири со уште еден член со потпишување на Меморандумот за соработка и пристапување на Факултетот за безбедност. Овој значаен чекор го потврдува заедничкиот ангажман за унапредување на правната заштита на животната средина и зајакнување на еколошката свест во нашата заедница.
Со пристапувањето на Факултетот за безбедност кон платформата, се отвораат нови можности за заеднички активности, вклучувајќи истражувања, едукација и поддршка на политики кои ја штитат природата. Видливите резултати на платформата, како и нејзиниот досегашен позитивен импакт врз локалните и националните политики, сега добиваат дополнителен поттик со вклучувањето на еден од најзначајните академски центри во земјата.
Ова партнерство ја истакнува важноста од здружување на академската заедница, институциите и граѓанскиот сектор за ефикасна заштита на нашата животна средина. Заедно, чекориме напред во создавањето праведно и одржливо општество кое ќе се грижи за сегашните и идните генерации.
Добредојдовте, Факултет за безбедност, кон заедничката мисија за правда и зелена иднина! 🌿