Македонското здружение за млади правници (МЗМП) во рамките на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ која ја спроведува Институтот за комуникациски студии, изработи четири студии на случај кои во кои се анализираат конкретни случаи на загрозување на животната средина, загадувањето на водните ресурси, како и ефективноста на инспекцискиот надзор во овие случаи.
Животна средина
Животна средина
Законот за животната средина претставува рамковен закон што ги предвидува правните основи за заштита и унапредување на квалитетот и состојбата на животната средина, а кои понатаму се разработени во посебни закони и бројни подзаконски акти.
Новинарска сторија: Значењето на заштитените диви видови растенија и габи за биолошката разновидност, луѓето, општеството и економијата
Во Република Северна Македонија постои долга традиција во собирање лековити растенија, печурки, лишаи и бројни шумски плодови. Поради нејзините специфични климатски услови и географска локација од глацијалниот период таа има богата флористичка разновидност од околу 210 семејства, 920 родови и околу 3700 растителни видови од кои голем број се ендемични растенија.
Инфографик – Државен инспекторат за животна средина
Центарот за правни истражувања и анализи подготви инфографици од Анализата на празнини и недостатоци – предизвици и можности за институционалната и правната рамка на животната средина. Инфографиците ги покажуваат клучните наоди за достапноста на ресурси, систематизацијата на работни места и делокругот на работа на Државниот инспекторат за животна средина во однос на инспекцискиот надзор во секторот животна среднина. Инфографиците се подготвени во рамки на проектот „Воспоставување ефикасна и ефективна еколошка правда“ финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје.