КУРИКУЛУМ ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА ЗА ОБУКИ НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

КУРИКУЛУМ ЗА ЕКОЛОШКА ПРАВДА ЗА ОБУКИ НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Во рамки на „Проект за добро управување со животна средна“ Центарот за правни истражувања и анализи во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители изготви Курикулум за еколошка правда за обука на судии и јавни обвинители.

Kако цели на обуката се поставуваат:

  1. Вовед и запознавање со меѓународното право на животна средина,
  2. Поврзување на концептот на човекови права и животна средина,
  3. Запознавање со основните правни принципи на правото на животна средина,
  4. Запознавање со правната регулатива за климатска акција,
  5. Правото на пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правдата за прашања поврзани со животната средина,
  6. Разбирање на посебните области и медиуми на животната средина кои се предмет на регулација во посебните прописи за животна средина.